За нас
Компанијата СИКОМ доо е основана во 1993 година и повеќе од три децении успешно работи во областа на електричните инсталации и дистрибуцијата на електроопрема. Од деведесеттите години компанијата е официјален застапник на брендот Hager во Македонија, еден од водечките европски производители на решенија за електрична дистрибуција и заштита.
Во текот на своето долгогодишно работење, СИКОМ доо има изградено стабилна соработка со бројни компании, изведувачи и инвеститори, обезбедувајќи квалитетна, сигурна и современа електроопрема за различни типови објекти – од станбени и деловни згради до индустриски и јавни објекти.
Производите на Hager се вградени во повеќе значајни објекти низ Македонија. Дел од нив се:
- • Винаријата Стоби – Градско
- • Арената Филип Втори – Скопје
- • Катна гаража и седиште на ПОЦ – Скопје
- • Катна гаража Разловачко Востание – Скопје
- • Станбени згради ТЦ Антико – Скопје
Ова се само дел од проектите во кои СИКОМ доо, како подизведувач, има учествувано во опремување на објектите со електрична опрема и системи од брендот Hager.
Со долгогодишно искуство, техничко знаење и партнерства со реномирани европски производители, СИКОМ доо продолжува да нуди сигурни и квалитетни решенија за електрични инсталации на македонскиот пазар.